en  fr  cs  de  et  el  es  ga  hr  it  pl  ro  sq  sk  sl  sv  nn  sr  bs  lt  mk  lb  nl  hy  pt  tr  da  bg  fi  hu  ka  lv  eu  ca  ru  gl

Движење кон полиглотната ера

Стекнување на голем број на различни јазици е полесно отколку што би можеле да замислите, пишува Нил Madden

Ако некој ви рече: 'flisni ме mua’, дали знаете што значи тоа, или барем  на кој јазик е кажано? Со бројка од околу 225 автохони јазици, лингвистичкото наследство на Европа е богато и разновидно; факт што треба да се цени. Но колку се добри Европејците во учење на јазиците на нивните блиски (и не толку блиски) соседи? Многу Европејци мислат дека монојазичниот начин на живот е норма. Но помеѓу половина и две-третини од населението во светот е двојазично, до одреден степен, а значителен број се повеќе-јазични, што значи, тие имаат одредено ниво на познавање на голем број на јазици (разбирање, и/или пишување, и/или зборување ...). 

Плурилингуализмот е многу понормална човечка состојба од монолингуализмот. Има милиони луѓе кои мислат дека не знаат ниту еден јазик освен нивниот мајчин јазик, но многу од нив сепак имаат некое познавање и на некој друг јазик. А сепак можностите за учење нов јазик денес се поголеми од било кога. За да се ​​потенцира вредноста на учењето на јазици, Советот на Европа го формира Европскиот Ден на Јазиците (ЕДЈ), кој се одбележува секоја година на 26 септември. Идејата зад ЕДЈ е да се охрабри "плурилингуализмот„. Ова не е ниту ново ниту непознато. Тоа е факт од секојдневниот живот кај многу народи во Африка и Азија, и е норма во некои делови на Европа, особено Бенелукс и Скандинавија и околу Медитеранот. И тоа не треба да ги застрашува луѓето да мислат дека треба да се стремат кон совршенство и дека мора да ги зборуваат јазиците на ниво како мајчин јазик. Целта е да бидете во можност да комуницирате и да бидете разбрани, во зависност од вашите сопствени потреби и барања. Меѓународното ширење на англискиот јазик се чини непобитно, а истражувањата потврдуваат дека стекнување на одредено познавање на Англиски јазик е приоритет за најголем број на изучувачи на јазици (еден од три тврдат дека тие можат да разговараат на Англиски, според Евробарометар). 

Сепак, штом се совлада Англискиот јазик, не значи дека тука треба да се запре. Многу други јазици се исто така корисни алатки за да се добие повеќе од искуствата на животот, без разлика дали станува збор за работа или само патувања. Една од ирониите на глобалниот свет е дека всушност вредноста на Англискиот јазик може да опадне. Како што се повеќе и повеќе луѓе стануваат умешни во денешниот "лингва франка", она што ќе направи разлика во иднина е способноста да зборувате други јазици. Во деловниот и образовниот свет, домашните говорници на Англискиот јазик ќе мора да се натпреварува со кандидатите кои веќе имаат друг мајчин јазик, плус Англиски и, уште повеќе, солидно  познавање на трет или четврти јазик. Познавањето на јазици носи многу повеќе од само економски бенефиции. Ни помага да станеме повеќе отворени кон другите луѓе, нивните култури и мислења, а исто така промовира поголема ментална флексибилност на начин кој ни овозможува да разработиме различни системи на застапеност и флексибилност на нашата перспектива.  Не треба да се потценува вредноста на учењето на јазици бидејќи ни даваат увид во луѓето, културата и традициите на другите земји. Луѓето кои можат да комуницираат самоуверено со соговорници од другите култури, имаат поголема веројатност да бидат потолерантни. И запомнете дека да се биде еднојазичен, значи да се биде зависен од јазичната компетентност и добрата волја на другите. Учењето други јазици е многу повеќе од стекнување на корисни вештини - тоа е и одраз на вашиот став, на почитувањето на идентитетот и културата на другите и толеранција на различноста. 

Советот на Европа е пионер на програмата за овозможување на луѓето да го измерат нивото на владеење на странски јазик. Проектот Европско Јазично Портфолио има за цел да ги мотивира учениците препознавајќи ги нивните напори да ги прошират своите јазични вештини на сите нивоа и да обезбеди евиденција на нивните стекнати вештини кои можат да бидат искористени како репер, на пример, кога тие напредуваат кон повисоко образовно ниво или кога бараат работа во својата земја или во странство. Врз основа на шематскиот систем, учениците на јазици може да ги оценат своите способности - разбирање, читање, зборување и пишување -  според шест европски нивоа. Овие стандарди се усвоени од страна на главните тела за сертификација во Европа, од страна на многу земји-членки и од страна на ЕУ, особено како дел од Europass шемата, која претставува систем дизајниран да ги направи индивидуалните способности потранспарентни и споредливи меѓу земјите-членки. Една од централните цели на Европскиот Ден на Јазиците е да се зајакне идејата на учењето на јазици како доживотен процес. Многу возрасни луѓе веруваат дека ако ја пропуштиле можност да се здобијат со нов јазик за време на нивното формално образование, сега е премногу доцна за да го обноват тој процес. Секако дека не е. Низ цела Европа, училишта, програми и разни техники (од книги па до ЦД-а) се достапни за подобрување на јазични вештини. Но она што најчесто недостасува е личната мотивација да се надмине “стравот“. Многу луѓе ги развиваат своите јазични вештини по завршување на училиштето или универзитетот. Ова и не е толку изненадувачки, бидејќи учењето на јазици во училиште често се гледа како обврска а не како можност. Но од кога ќе почне да се истражува надворешниот свет, без разлика дали за работа или слободно време, тогаш се дознава вредноста на познавањето на други јазици. А како информација за охрабрување, запомнете дека секој дополнителен јазик станува прогресивно полесен за учење. Така што, кога ќе се расчисти првата пречка, а вие имате изразита желба за Унгарски, или Кантонски, само пробајте!

Доколку сакате да ги развиете вашите јазични вештини и да дознаете повеќе за Европскиот Ден на Јазиците, на следните страници ви нудиме корисни информации:

Патем, одговорот на претходно поставеното прашање на почеток на текстот е "разговарај со мене", на албански јазик.
 

Нил Madden е слободен новинар кој живее во Стразбур