en  fr  cs  de  et  el  es  ga  hr  it  pl  ro  sq  sk  sl  sv  nn  sr  bs  lt  mk  lb  nl  hy  pt  tr  da  bg  fi  hu  ka  lv  eu  ca  ru  gl

Факти за јазиците

Дали сте знаеле дека ...?

01 Постојат помеѓу 6000 и 7000 јазици во светот – зборувани од 7 милијарди луѓе поделени во 189 независни држави.

02 Постојат околу 225 автохони јазици во Европа - околу 3% од вкупниот број на светот.

03 Повеќето од светските јазици се зборуваат во Азија и Африка.
 

04 Најмалку половина од светската популација се двојазични или повеќе-јазични, односно тие зборуваат два или повеќе јазици.

05 Во нивниот секојдневен живот Европејците се повеќе се среќаваат со странски јазици. Постои потреба да се генерира поголем интерес за јазиците кај европските граѓани..

06 Повеќето јазици имаат речник од 50.000 зборови или повеќе, но индивидуалните говорници обично знаат и користат само мал дел од вкупниот речник: во секојдневниот разговор луѓе ги користат истите неколку стотици зборови.

07 Јазиците се во постојан контакт едни со други и влијаат едни на други на многу начини: Англискиот јазик во минатото позајмувал зборови и изрази од многу други јазици, а денес европски јазици позајмуваат многу зборови од англискиот јазик.

08 Во својата прва година бебето користи широк спектар на вокални звуци, на околу една година се кажуваат првите разбирливи зборови; на околу три години веќе се формирани сложени реченици; до пет години детето поседува речник од неколку илјади зборови.

09 Мајчиниот јазик е обично јазикот кој најдобро се знае и најмногу се користи. Но, постојат и "совршени двојазични испитаници" кои зборуваат два јазика подеднакво добро. Но нормално, сепак ни двојазичните испитаници не прикажале совршен баланс помеѓу нивните два јазика.

10 Двојазичноста со себе носи многу предности: го прави учењето на дополнителни јазици полесно, го подобрува процесот на размислување и поттикнува контакти со другите луѓе и нивните култури.

11 Двојазичноста и повеќе-јазичноста повлекуваат и економски предности, исто така: работни места се повеќе и полесно достапни до оние кои зборуваат повеќе јазици, и повеќејазичните компании имаат подобра конкурентска предност од еднојазични.

12 Јазици се поврзани едни со други како членови на едно семејство. Повеќето европски јазици припаѓаат на големото индо-европското семејство.

13 Повеќето европски јазици припаѓаат на три поголеми групи на јазици: германски, романски и словенски.

14 Германски семејство на јазици вклучува Дански, Норвешки, Шведски, Исландски, Германски, Холандски, Англиски и Јидиш, меѓу другите.

15 Романски јазици вклучуваат Италијански, Гранцуски, Шпански, Португалски и Романски јазик, меѓу другите.

16 Словенски јазици вклучуваат Руски, Украински, Белоруски, Полски, Чешки, Словачки, Словенечки, Српски, Хрватски, Македонски, Бугарски и други.

17 Повеќето европски јазици користат латиница. Некои словенски јазици користат кирилско писмо. Грчки, Ерменски, Грузиски и Јидиш имаат свое посебно писмо.

18 Повеќето земји во Европа имаат голем број на регионални или малцински јазици - некои од овие имаат добиено официјален статус.

19 Не-Европски јазици кои најчесто се користат на европска територија се Арапски, Кинески и Хинди, секој имаат свој посебен систем на пишување.

20 Русија (148 милиони жители) има далеку најголем број на различни јазици кои се зборуваат на својата територија: 130-200 во зависност од критериумите.

21 Поради приливот на мигранти и бегалци, Европа стана во голема мера повеќејазична. Само во Лондон се зборуваат околу 300 јазици (Арапски, Турски, Курдски, Берберски, Хинди, Пенжаби, итн.)

Сега, кога научивте толку многу - зошто не се обидете да го земете квизот за јазици?

Факти за јазиците
Јазични занимливости
Прашања за знаковен јазик
Само-проценете ги вашите јазични способности
Јазични богатства
Зборувај ми!
Животински звуци
Јазичен Квиз
Уникатни зборови
Познатите зборуваат
Здраво
Палиндроми
Хомоними
Игра - Меморија
Најдолги зборови
Брзозборки
Идиоми
Испрати карта Игра на знаковен
Sign language
game