Колку повеќејазична е вашата училница/организација?

Дали некогаш сте се запрашале колку всушност повеќејазична е вашата училница/организација? Многу често постојат повеќе јазици во вашата училница, канцеларија или асоцијација отколку што очекувате. Ова може да се сведе на неколку причини: вашите соученици или колеги кои зборуваат различни јазици дома или поради нивното потекло, можеби живееле или работеле во други земји или пак научиле други јазици во нивото формално или неформално образование.
Пресметано е дека постојат повеќе од 225 домородни јазици во Европа, дури без да ги вклучиме јазиците кои пристигнаа во Европа преку миграција

За Европскиот Ден на Јазиците во 2018, ние сме во потрага по училишта, канцеларии, асоцијации, или всушност било какви организации или индивидуи кои би сакале да ја демонстрираат нивната разноликост во јазиците. Преку оваа практика би сакале да ја потенцираме повеќејазичната Европа во пракса, исто така би сакале да ги откриеме едни од јазично најбогатите училници и работни места.
 

Учеството може да биде преку било каков креативен начин кој би прикажал колку повеќејазична е вашата училница/организација. Тоа може да биде, на пример, преку кратко видео или аудио (не повеќе од 30 секунди), постер или пишан збор, песна која би ги потенцирала јазиците кои се зборуваат, всушност - било што би сакале!  Како што 2018 е Европска Година на Културното Наследство исто така би охрабриле учество преку иновативни начини на откривање и претставување на разнолики култури во вашето училиште, универзитет или работно место

Од 10 Октомври се надеваме на откривање на едни од разнојазичните училишта или работни места во Европа.

(Сите учесници ќе добијат сертификат за учество)

(Отворено од 10 Септември до 10 Октомври)