Оваа година ги покануваме сите да учествуваат во јазичниот предизвик на Европскиот ден на јазиците! 51-от предизвик којшто може да се најде во прирачникот ги охрабрува учениците да излезат надвор од својата комфорт зона и да искористат некоја од многуте можности да го вежбаат или да научат повеќе за јазикот надвор од училницата. Можеш да избереш лесни предизвици за кои не е потребно многу време како на пример “изброи од 1 до 10 на 3 различни јазици во рок од една минута”, или некои кои се потешки како на пример “заедно со другар/ка, напишете го текстот на некоја странска или рап песна”. Тука има за секого по нешто и можеби ќе откриеш дека всушност знаеш многу повеќе за јазиците отколку што мислиш!
Ако не можеш да се одлучиш со кој предизвик ќе започнеш, остави среќата да одлучи за тебе преку кликање на тркалото на среќата подолу. Ако уживаш во предизвиците толку многу што ќе успееш да исполниш 10 или повеќе предизвици, можеш да се наградиш себеси со сертификат користејќи го линкот подолу, а ако сакаш и светот да дознае за твоите јазични способности, зошто да не го пробаш 51-от предизвик “Што се осмелуваш да направиш на странски јазик?”(види подолу).
Симни го прирачникот на македонски јазик