EDL.ECML.AT/APP

Таен Агент – апликација со јазични предизвици  2023 

Можете да се натпреварувате со пријатели во различни видови предизвици, препознавање на земји и јазици или решавање на разновидни квизови. Предизвиците се движат од лесни, како на пример „изброј од 1 до 10 на 3 различни јазици во рок од една минута“ до оние што бараат малку повеќе знаење, како на пример „заедно со пријател, напишете ги зборовите на песна/рап на странски јазик јазик.“ Можете да се натпреварувате со пријатели во различни видови предизвици, препознавање на земји и јазици или решавање на разновидни квизови. Предизвиците се движат од лесни, како на пример „изброј од 1 до 10 на 3 различни јазици во рок од една минута“ до оние што бараат малку повеќе знаење, како на пример „заедно со пријател, напишете ги зборовите на песна/рап на странски јазик јазик.“

Таен Агент – апликација со јазични предизвици  2023 

Предизвиците и квизовите содржани во оваа апликација ги охрабруваат учениците - идни меѓународни агенти - да ги искористат предностите на бројните можности за повеќе вежбање или учење на одреден јазик надвор од контекстот на училницата. Искачувајќи се низ различните нивоа, можете да се напредувате од агент од низок степен до главен таен агент.
Погледни ја страницата
Како интернационален агент ќе имаш шанса да посетиш нови места и непознати земји. Тоа ќе биде вистински предизвик. Еден добар агент треба да биде убеден во своите јазични способности за да се осигура дека неговиот идентитет нема да биде откриен! Затоа потребно е да можеш да зборуваш течно на што е можно повеќе странски јазици.

Јазичните предизвици кои се наоѓаат на следните страници се однесуваат на автентични, секојдневни комуникациски задачи за коишто агентите треба да бидат подготвени.

Истражувањата покажуваат дека некои ученици потешко се одлучуваат да преземаат ризици и не секогаш ги искористуваат приликите кои им се пружаат надвор од училницата да го вежбаат јазикот којшто го учат.

Секојдневната комуникација на странски јазик може да биде стресна, особено кога си на мисија. Тоа подразбира правење грешки, да не можеш да ги разбереш другите, но и тие да не можат да те разберат тебе, да преземеш туѓ идентитет, да го смениш начинот на кој го користиш јазикот.

Овој прирачник за тајни агенти ќе те подготви за ваквите ситуации.
Јазичен предизвик на денот: Ја завршив Логичката игра за Европскиот ден на јазици користејќи латиница и кирилица за помалку од 5 минути.
edl.ecml.at/braingame

Преземете