Славните личности зборуваат странски јазици

Многу успешни луѓе зборуваат повеќе различни јазици. Тоа не само што им помага во нивната работа, туку и им ги отвора вратите кон подобро разбирање на различните култури и уживање во другите земји.

И, ако тоа не е доволно: истражувањата покажуваат дека зборувањето на неколку јазици е една од најдобрите вежби за вашиот мозок. Тоа може да доведе дури и до одложување на почетокот на Алцхајмеровата болест за 4 до 5 години.

 

Will Smith
actor

Англиски Шпански

Вил Смит течно зборуваа шпански. После неговата улога во „Седум животи“, каде Вил Смит ја играше улогата на шпански говорител, фановите беа пресреќни да увидат дека Вил многу добро се снајдел со јазикот и одлично го изглумил ликот. Вил го дал своето прво интервју на шпански во 2000 година, а тоа го прави и ден денес.

Image by Vanessa Lua [CC-BY-2.0 (http://creativecommons.org/licenses/by/2.0)], via Wikimedia Commons)

Viggo Mortensen
actor

Дански Англиски ФранцускиИталијански НорвешкиШпанскиШведски

Корените на името Виго тешко можат да се најдат, имајќи го во предвид неговото потекло. Роден од мајка Американка и татко Данец кои се сретнале во Норвешка, Виго живеал во Венецуела, Данска и Аргентина, и се тоа до неговата единаесетта година. Подоцна, тој се преселил во Њујорк. Патувањето околу светот на Виго во неговото детство му пружило течно познавање на англиски, дански и шпански, познавање на француски и италијански на разговорно ниво и јазично разбирање шведски и норвешки.

Image by nicolas genin (https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Viggo_Mortensen_Venice09.jpg) via Wikimedia Commons

Jodie Foster
actress

Англиски ФранцускиГерманскиИталијански Шпански

Фостер посетувала француско припремно училиште наречено the Lycée Français de Los Angeles, каде што матурирала во 1980. Таа често минувала време работејќи во Франција во нејзините тинејџерски години и течно зборува француски. Поради ова, Џоди често ги синхронизирала улогите од повеќето нејзини филмови. Во 2004 год. таа прифатила споредна улога во францускиот филм за Првата светска војна „ A Very Long Engagement“. Исто така така разбира германски и шпански и умее да разговара на италијански.

Image by Franz Richter (User:FRZ) (own work (taken with Canon PowerShot A640)) [CC-BY-SA-2.5-2.0-1.0 (http://creativecommons.org/licenses/by-sa/2.5-2.0-1.0)], via Wikimedia Commons

J.K. Rowling
author

Англиски Француски

Авторката на книгите за Хари Потер работела како професорка по француски пред да започне со нејзината писателска кариера. Таа исто така има и француско потекло и познато е дека зборува француски беспрекорно. Нејзиното знаење на јазикот може да се види во измислените имиња и зборови што таа ги користи во нејзините приказни, а кои имаат француска основа. Примери за тоа се: „Beauxbatons“ што значи „убави ѕидови“, „ Fleur Delacour“ од зборот „fleur“ што значи цвеќе, „delacour“ што значи „на судот“ и „Malfoy“, што потекнува од француската фраза „mal foi“ и значи „лошо верување“.

Image by Daniel Ogren [CC-BY-2.0 (http://creativecommons.org/licenses/by/2.0)], via Wikimedia Commons

Queen Silvia
queen

Англиски ФранцускиГерманскиПортугалскиШпанскиШведски

Покрај фактот што повеќето членови на кралските фамилии зборуваат најмалку два странски јазици, никој не може да ја победи Кралицата Силвија од Шведска. Таа може да држи говори на шест различни јазици и е скоро течна во зборување на шведскиот знаковен јазик. Родена од мајка Бразилка и татко Германец, Кралицата зборува три јазици, покрај германскиот и португалскиот, исто така и шведски, кој го научила при преселбата во Шведска. На возраст од 32 години таа се омажила за Кралот и научила шведски.

Image by Frankie Fouganthin (derivative work) (https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/6/6c/Queen_Silvia_of_Sweden%2C_June_8%2C_2013_%28cropped%29.jpg) via Wikimedia Commons

Gwyneth Paltrow
actress

Англиски ФранцускиШпански

Гвинет Палтроу течно зборува шпански. Таа го научила јазикот додека учествувала во размена на средношколци. Таа вели дека се заљубила во земјата и си ветила дека ќе научи да зборува течно шпански. Таа сѐ уште поминува доста време таму, а и си останала верна на зборот. Сега зборува шпански на прилично добро ниво. Гвинет вели дека се обидува да ги пренесе нејзините јазични вештини и на децата. Покрај шпанскиот, Палтроу зборува и француски јазик.

Image by Andrea Raffin [CC-BY-SA-3.0 (http://creativecommons.org/licenses/by-sa/3.0)], via Wikimedia Commons

Audrey Hepburn
actress

ХоландскиАнглиски ФранцускиИталијански ПортугалскиШпански

Таа не само што е трае симбол на елеганција туку е и јазичен ентузијаст. Покрај нејзиниот мајчин англиски и холандски, Одри исто така течно зборува француски, португалски, италијански и шпански.

Image by Universal Pictures (https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Audrey_Hepburn_Charade_publicity_photo.jpg) vie Wikimedia Commons

Natalie Portman
actress

Англиски ГерманскиHebrewЈапонскиШпански

Една од најубавите двојазични славни личности, Натали Портман, е всушност повеќејазична ѕвезда која поседува знаење на повеќе различни јазици. Оскаровката течно зборува јапонски, германски и шпански, може да помине и со малку француски, а понекогаш дава интервјуа на нејзиниот мајчин јазик – хебрејски.

Image by Staff Sgt. Carlos Lazo [Public domain], via Wikimedia Commons

Sandra Bullock
actress

Англиски Германски

Иако родена во Соединетите Американски Држави, Сандра Булок, чија што мајка била германска оперска пејачка, исто така зборува течно германски. Во 2000 год., бринетата ја освоила Бамби наградата (германска верзија на оскарите) и го дала нејзиниот победнички говор на германски.

Image by Richard Goldschmidt, www.piqtured.com Derivative by Keraunoscopia [CC-BY-3.0 (http://creativecommons.org/licenses/by/3.0)], via Wikimedia Commons

Mila Kunis
actress

Англиски Руски

Родена во Черновиц, денешна Украина, Мула Кунис зборува течно руски, сѐ уште зборувајќи го дома со нејзините родители и баба и дедо. Таа објаснува дека за неа, јазикот е полн со емоции и страст. Едно од најзанимливите откритија во врска со нејзината двојазичноста е што преведувачите секогаш се обидуваат да ги преформулираат прашањата што се наменети за неа во интервјуа, подобрувајќи ја или пак губејќи ја смислата на прашањето. Таа исто така признава дека го чека крајот на патувањето за да им каже на шоферите дека разбира сѐ што тие зборувале за неа.

By Gage Skidmore from Peoria, AZ, United States of America - Mila KunisUploaded by maybeMaybeMaybe, CC BY-SA 2.0, httpscommons.wikimedia.orgwindex.phpcurid=62562587

Arnold Schwarzenegger
politicianactor

Англиски Германски

Арнолд Шварценегер има особено изразит акцент па можеби сте веќе претпоставиле дека тој зборува втор јазик. И навистина зборува! Арнолд, кој потекнува од Австрија, зборува германски јазик исто така.

Image by U.S. Federal Government, Wladyslaw (Cropped) [Public domain], via Wikimedia Commons

Novak Đoković
sportsman

ArabicАнглиски ФранцускиГерманскиИталијански СрпскиШпански

Не само што го совлада светот на тенисот, Џоковиќ исто така зборува шест или седум јазици. Тој скромно вели дека знае доволно „колку да се разбере“ со луѓето, ништо повеќе, и ја објаснува својата страст спрема јазиците со една српска поговорка: „Колку повеќе јазици знаеш, толку ти е поголема вредноста како човек.“ Всушност, овој спектар рангира од француски до англиски, вклучувајќи германски, италијански, арапски и руски. Амбициозен, тој се надева дека ќе го прошири своето знаење на кинеските симболи од само неколку до 1000 или дури 2000. Тој понатаму објаснува дека убавината лежи во бескрајниот процес на учење, гледајќи на секое несогласување како прилика да се научи нешто ново.

Image by Andrew Campbell (https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/8/89/Novak_Djokovic_%2834808147273%29.jpg) via Wikimedia Commons

Colin Firth
actor

Англиски Италијански

Ферт ја играше улогата на лидер кој има проблеми со говорот во „Кралскиот Говор“, меѓутоа, Ферт во реалноста е всушност одличен реторичар. Роден Британец, тој зборува течно италијански. Англиски џентлмен , интернационална филмска ѕвезда и двојазична славна личност – човекот знае сѐ до последниот слог и изговорот му е особено елоквентен. Во 1997 тој се ожени со италијанската филмска режисерка Ливиа Џигиоли и воедно живее и во Лондон и во Италија. Тој одлично го зборува јазикот и вели:„Прекрасно е да имате некој изговор да научите нов јазик. Англискиот на мојата жена е подобар од тоа што мојот италијански некогаш ќе биде.Но, ако веќе живеете заедно со некој кој зборува друг јазик, би требало, како знак на почит, да се обидете да го разберете нивниот начин на концепција на нештата.“

Image by Rathika Mawtus [GFDL (http://www.gnu.org/copyleft/fdl.html) or CC-BY-SA-3.0 (http://creativecommons.org/licenses/by-sa/3.0/)], via Wikimedia Commons

Tuva Novotny
directorsingeractress

ЧешкиДански Англиски НорвешкиШведски

Оваа актерка која е родена во Шведска, а живее и во Данска и во Норвешка, ги зборува сите скандинавски јазици перфектно. Нејзината мајка е од Шведска а татко ѝ е од Чешка, па така Тува израснала својазично. Таа исто така зборува англиски и има играно во неколку филмови каде се зборува на англиски.

Image by Ministry of Broadcast and Media (India) (https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/d/db/Tuva_Novotny_at_a_press_conference_at_Black_Box.jpg) via Wikimedia Commons

Shakira
singer

ArabicАнглиски Италијански ПортугалскиШпански

Колумбиската пејачка Шакира има шпанско и италијанско потекло и течно ги зборува овие два јазици. Поп ѕвездата исто така течно зборува португалски, арапски и англиски.

Image by C.Seng. (Own work) [CC-BY-SA-3.0 (http://creativecommons.org/licenses/by-sa/3.0)], via Wikimedia Commons)

Monica Bellucci
actress

Англиски ФранцускиИталијански СрпскиШпански

Освен тоа што Моника Белучи се смета за една од најубавите жени во светот, таа исто така зборува повеќе јазици. Италијанската актерка течно зборува англиски, француски и шпански, а исто така знае и нешто од српскиот јазик и фарси. Бидејќи таа има играно улоги во сите овие јазици, може да се каже дека Моника е вистинска повеќејазична ѕвезда. Околу нејзиниот талент за јазици, таа вели:„Имам добар слух, тоа е сигурно.“

Image by Manfred Verner (own work) (https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/3/31/Monica_Bellucci%2C_Women%27s_World_Awards_2009_b.jpg) via Wikimedia Commons

Bradley Cooper
actor

Англиски Француски

Јазичните вештини на Бредли Купер беа прилично непознати, се додека во едно интервју во 2011 година, промовирајќи го филмот „Мамурлак“, кога го даде целото интервју на течен француски јазик. Купер го научил јазикот додека студирал во странство. Не размислувајќи за тоа да постане актер или да се придружи на групата двојазични славни личности, Купер ги минувал своите школски денови како студент на размена во Франција, учејќи го јазикот и веројатно воодушевувајќи девојќи со неговите вештини. Кога го питале, зошто баш француски, тој одговорил: „Кога бев дете, се сеќавам дека гледав Огнени Кочии и францускиот е главен јазик на олимписките игри. Па така имаше сцена каде што еден лик зборуваше француски и јас си помислив: О, човеку, тоа звучи баш кул. И јас сакам да научам француски.“

Image by David Shankbone (David Shankbone) [CC-BY-3.0 (http://creativecommons.org/licenses/by/3.0)], via Wikimedia Commons

Mick Jagger
singer

Англиски Француски

Покрај неговиот мајчин англиски јазик, Мик Џегер исто така зборува течно француски. Кога тој бил младо момче, често ги поминуваал летата со неговото семејство во Франција, истата земја каде тој поседува замок.

Image by Kronos at it.wikipedia [GFDL (http://www.gnu.org/copyleft/fdl.html) or CC-BY-SA-3.0 (http://creativecommons.org/licenses/by-sa/3.0/)], from Wikimedia Commons

Ben Affleck
actor

Англиски Шпански

Бен Афлек поминал голем дек од неговото детство живеејќи во Мексико, па така не е никакво изненадување што тој зборува шпански.

Image by Gene Bromberg (benaffleck7-2-1) [CC-BY-SA-2.0 (http://creativecommons.org/licenses/by-sa/2.0)], via Wikimedia Commons)

Diane Kruger
actress

Англиски ФранцускиГермански

Дајен Кругер е родена и израснала во Германија, па така таа е мајчин говорител на германскиот јазик. Сега таа живее во Америка и течно зборува англиски, меѓутоа таа исто така зборува и француски јазик, благодарејќи на нејзината манекенска кариера во Париз на почетоците на нејзината кариера. Нејзините јазични вештини може да се видат во францускиот филм „Се за неа“ („Pour Elle“ на француски).

Image by Georges Biard derivative work: Keraunoscopia [CC-BY-SA-3.0 (http://creativecommons.org/licenses/by-sa/3.0)], via Wikimedia Commons

Hugh Laurie
actor

Англиски ФранцускиГерманскиШпански

Џејмс Хју Калум Лори, познат како Хју Лори, е англиски актер, комичар, писател, музичар и директор. Тој зборува француски, германски и шпански и сите три ги научил во училиштето „Змеј“ и Етон. Во едно интервју тој изјавил дека би сакал да може да зборува течно италијански бидејќи смета дека е „прекрасен јазик“.

Image by XSIDE [CC-BY-2.0 (http://creativecommons.org/licenses/by/2.0)], via Wikimedia Commons