Зошто Европскиот ден на јазиците?
Зошто Европскиот ден на јазиците? |
Никогаш немало повеќе можности за работење или студирање во друга европска земја - но недостатокот на јазични вештини спречува многу луѓе да ги искористат овие можности.
Глобализацијата и развојот на сопственоста во фирмите надовестува дека граѓаните сè повеќе имаат потреба од познавање на странски јазик за да работат ефективно дури и во нивните земји. Познавањето само на англиски јазик веќе не е доволно.
Европа е богата со јазици - постојат повеќе од 200 европски јазици и дури повеќе кои што се зборувани луѓе кои имаат семејно потекло од други континенти. Јазикоте важна алатка која треба да се чува и негува.
Учење на јазик пружи придобивки за млади и стари - никогаш не сте премногу стари за да научите странски јазик и да уживате во можностите што ги отвора. Дури и ако знаете само неколку зборови на јазикот во земјата што ја посетувате (на пример, кога одите на одмор), ова ви овозможува да создадете нови пријателства и контакти.
Учење на јазиците од другите народи е начин кој ни помага подобро да се разбереме едни со други и да ги надминеме нашите културни разлики.
Цели
Јазичните вештини се неопходност но и право на секого - тоа е една од главните пораки на Европскиот Ден на Јазици.
Целокупните цели ја подигнуваат свеста за:
- Богатата разноликост на јазиците во Европа, која мора да се сочува и подобри;
- Потребата да се прошири опсегот на јазици кои што луѓето ги изучуваат (не само јазици што се глобално користени), што би резултирало во повеќејазичност;
- Потребата на луѓето да развијат одреден степен на познавање на два или повеќе јазици за да бидат во можност во потполност да учествуваат во демократското општество во Европа.
... Комитетот на Министри одлучи да го објави Европскиот Ден на Јазиците да се празнува на 26 септември секоја година. Комитетот препорачува Денот да се организира децентрализирано на флексибилен начин во согласност со желбите и ресурсите на земјите-членки, кои, на тој начин, би можеле подобро да ги дефинираат своите пристапи , и дека Советот на Европа би предложил заедничка тема секоја година. Комитетот на Министри ја повикува Европската Унија да се приклучи кон Советот на Европа во оваа иницијатива. Се очекува дека Денот ќе продолжи да се одбележува во соработка со сите релевантни партнери.
Одлуката на Комитетот на Министри на Советот на Европа, Стразбур (776 состанок - 6 декември 2001)