Како да учествувате?

Постојат голем број на начини на кои можете да го прославите Европскиот Ден на Јазиците во зависност од времето и условите кои ги имате на располагање.

Начините може да бидат од едноставни (како што се организирање филмска вечер прикажувајќи филмови на разни јазици или интернационални ‘јазични‘ кафулиња служејќи специјалитети од различни земји), до повеќе комплексни и ресурсно интензивни (како големи медиумски настани). На календарот на ЕДЈ настани се прикажани сите активности кои биле објавени на ЕДЈ веб страната од 2002 година и нуди богат извор на идеи. Пресек на идеи исто така е достапен на страната во потполност под името "инспирирај се"!

Дали големи или мали, принципите се едноставни...

  1. Смислите добра идеја (настан како забава, турнир, вечера)
  2. Организирајте и промовирајте го настанот 
  3. Внесете го настанот во нашата база на податоци, и
  4. Остварете го!

Организацијата на Европскиот Ден на Јазиците
Советот на Европа не издава директиви (или финансиска поддршка) за организација на активностите. Земјите-членки и потенцијалните партнери имаат слобода да организираат активности како што сакаат, со цел да се обезбеди максимална флексибилност во спроведувањето на Денот.

"Национални Претставници"
Во поголемиот дел од земјите, одредено избрано лице на доброволна основа ја презема улогата на "посредник" меѓу организаторите на настанот и Советот на Европа. Ова исто така вклучува ширење на информации и промотивни материјали произведени од страна на Советот на национално, регионално и локално ниво.

Улогата на Советот на Европа
Советот на Европа го иницираше овој настан и секоја година испраќа постери, налепници и други промотивни материјали кои ја илустрираат различноста на јазиците во Европа. Материјалите се дистрибуираат на централизиран начин до национални претставници кои се одговорни за нивната дистрибуција на национално ниво, особено за да се задоволат потребите на организаторите на ЕДЈ настанот.