Факти за јазиците
Дали сте знаеле дека ...?
01Постојат помеѓу 6000 и 7000 јазици во светот – зборувани од 7 милијарди луѓе поделени во 189 независни држави.
02Постојат околу 225 домородни јазици во Европа - околу 3% од вкупниот број во светот.
03Повеќето од светските јазици се зборуваат во Азија и Африка.
04Најмалку половина од светската популација се двојазични или повеќејазични, односно тие зборуваат два или повеќе јазици.
05 Во нивниот секојдневен живот, Европејците се повеќе се среќаваат со странски јазици. Постои потреба да се створи поголем интерес за јазиците кај европските граѓани..
06 Повеќето јазици имаат речник од 50.000 зборови или повеќе, но индивидуалните говорници обично знаат и користат само мал дел од вкупниот речник. Во секојдневниот разговор луѓето ги користат истите неколку стотици зборови.
07Јазиците се во постојан контакт едни со други и си влијаат едни на други на многу начини. Англискиот јазик во минатото позајмувал зборови и изрази од многу други јазици, а денес европските јазици позајмуваат многу зборови од англискиот јазик.
08Во својата прва година бебето користи широк спектар на вокални звуци. На околу една година ги кажува првите разбирливи зборови; на околу три години веќе се формирани сложени реченици; до пет години детето поседува речник од неколку илјади зборови.
09Мајчиниот јазик е обично јазикот кој најдобро се знае и најмногу се користи. Но, постојат и "совршени двојазични говорители" кои зборуваат два јазика подеднакво добро. Сепак, нормално е дека ниту двојазичните испитаници не поседуваат совршен баланс помеѓу нивните два јазика.
10Двојазичноста со себе носи многу предности: го прави учењето на дополнителни јазици полесно, го подобрува процесот на размислување и поттикнува контакти со другите луѓе и нивните култури.
11Двојазичноста и повеќејазичноста повлекуваат и економски предности, исто така. Работните места се повеќе и полесно се достапни за оние кои зборуваат повеќе јазици. Покрај тоа, повеќејазичните компании имаат подобра конкурентска предност од еднојазичните.
12Јазици се поврзани едни со други како членови на едно семејство. Повеќето европски јазици припаѓаат на големото индо-европското семејство.
13 Повеќето европски јазици припаѓаат на три поголеми групи на јазици: германски, романски и словенски.
14 Германски семејство на јазици вклучува дански, норвешки, шведски, исландски, германски, холандски, англиски и јидиш, меѓу другите.
15Романски јазици вклучуваат италијански, француски, шпански, португалски и романски јазик, меѓу другите.
16Словенски јазици вклучуваат руски, украински, белоруски, полски, чешки, словачки, словенечки, српски, хрватски, македонски, бугарски и други.
17 Повеќето европски јазици користат латиница. Некои словенски јазици користат кирилица. Грчки, ерменски, грузиски и јидиш имаат свое посебно писмо.
18 Повеќето земји во Европа имаат голем број на регионални или малцински јазици - некои од овие имаат добиено официјален статус.
19Не-европски јазици кои најчесто се користат на европска територија се арапски, кинески и хинди. Секојод нив има свој посебен систем на пишување.
20Русија (148 милиони жители) има далеку најголем број на различни јазици кои се зборуваат на својата територија: 130-200 во зависност од критериумите.
21 Поради приливот на мигранти и бегалци, Европа стана во голема мера повеќејазична. Само во Лондон се зборуваат околу 300 јазици (арапски, турски, курдски, берберски, хинди, пенжаби, итн.)
Сега, кога научивте толку многу - зошто не се обидете да го земете квизот за јазици?