Низ цела Европа, 800 милиони Европејци застапени во 47 земји-членки на Советот на Европа се охрабрени да учат повеќе јазици, на било која возраст, во и надвор од училиштaтa. Убедени дека јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент, Советот на Европа промовира плурилингуализам во цела Европа.
По иницијатива на Советот на Европа, Европскиот ден на јазиците се слави секоја година од 2001 година на 26ти Септември – заедно со Европската комисија.