Кој може да учествува?
СЕКОЈ може да се вклучи на некој начин во Европскиот Ден на Јазиците!
Дали поединечно или во група, во рамките на некоја организација (училиште или здружение) или само со пријатели, луѓето од сите возрасти и може да се вклучат во прославата на Денот. Секој може да придонесе за успехот на ЕДЈ - со учество во организираните активности или креирање на настани заедно со други (ве молиме не заборавајте да ги внесете вашите детали за настанот во календарот на ЕДЈ настани). Неколку можности се наведени подолу:
- УЧЕНИЦИ / СТУДЕНТИ: За да дознаат повеќе за јазична разновидност ученици и студенти можат да учествуваат во нашите забавни онлајн активности. Преку нашите игри и квизови може да добиете подобра идеја за разните јазици низ Европа. Ако ви се допаѓа музиката, зошто да не се организира музички настан за промовирање на различни јазици и музички жанрови во Европа? Можете дури и да ги споделувате такви перформанси со други преку нашата интернет страница.
- НАСТАВНИЦИ: За наставниците на јазици или на други предмети настанот нуди повеќе можности: можност за учење на другите култури, традиции и јазици кои нормално не се презентирани во училницата; можност за промовирање на креативни таленти на учениците преку креирање на цртежи илустририрајќи ги јазици кои ги зборуваат, формирање на ‘јазични кафулиња‘, потенцирајќи ги сите јазици кои се зборуваат во училиштето ...
- УНИВЕРЗИТЕТИ / УЧИЛИШТА: Европскиот Ден на Јазиците е одлична можност да се видат универзитетите / училиштата и околните градови како место каде што луѓето од различни култури се среќаваат, живеат и комуницираат и каде јазиците се развиваат. Зошто да не се постават групи за дискусија меѓу луѓе од различни јазични средини? Ссоцијалните мрежи на интернет се добар начин за да создадете вакви дискусии, а дури може и да станете фан на Европскиот Ден на Јазиците на Facebook. Универзитети или училиштата кои се во близина на границите со други земји може да организираат патувања за да се запознаат учениците од другата страна на границата. Училиштата, исто така може да се организираат натпревари за своите ученици со фокус на стекнување и подобрување на нивните јазични вештини.
Навистина СИТЕ може да се вклучат во Европскиот Ден на Јазиците, дури и ако тоа е само поканување на соседите од различни култури на чај/кафе или украсување на домот со постери и налепници од Европскиот Ден на Јазиците. Можеби нема да станете полиглот за време на Денот, но доволно е што барем ќе ги проширите своите хоризонти и што сигурно ќе уживате во едно пријатно искуство!