Што е Европскиот Ден на Јазиците?

Европската Година на Јазици во 2001, настан организиран заеднички од страна на Советот на Европа и Европската Унија, беше успешен во вклучувањето на милиони луѓе од 45 земји-учеснички. Целта на активностите беше да се прослави во име на јазичните разлики во Европа и да се промовира учењето на јазици.

Следејќи го успехот на тај настан, Советот на Европа го прогласи Европскиот Ден на Јазиците секоја година да се слави на 26 септември. Општите цели на Европскиот Ден на Јазиците се:

  1. Известување на јавноста за важноста на учење на јазици и проширување на листата на изучени јазици со цел да се зголеми двојазичноста и меѓукултурното разбирање;

  2. Промовирање на богатата јазична и културна разноликост во Европа, која мора да се чува и негува;

  3. Поттикнување на доживотното учење јазици во и надвор од училиштата, дали за студирање, за професионални потреби или за задоволство и размена.

На 26 Септември 2011 година се одбележа 10-годишнината од Европскиот Ден на Јазиците (EДЈ) која се прослави во Советот на Европа и низ своите 46 земји-членки.

 

За кого е Европскиот Ден на Јазиците?

Советот на Европа се надева дека овој ден ќе се одбележува од страна на властите во земјите-членки како и потенцијалните партнери во следните групи:

  • Креаторите на политиката (на пример , за конкретни мерки или дискусии на прашања за јазичната политика)
  • Општата јавноста (подигање на свеста на севкупните цели на Денот, вклучувајќи ја важноста за доживотното учење на јазици без разлика на возраста, во образовните установи, на работа, итн);
  • Волонтерскиот сектор (конкретни активности на НВО, здруженија, компании, итн.)