en  fr  cs  de  et  el  es  ga  hr  it  pl  ro  sq  sk  sl  sv  nn  sr  bs  lt  mk  lb  nl  hy  pt  tr  da  bg  fi  hu  ka  lv  eu  ca  ru  gl

Зошто Европскиот ден на јазиците?

Никогаш немало повеќе можности за работење или студирање во друга европска земја - но недостатокот на јазични вештини спречува многу луѓе да ги искористат овие можности.

Глобализацијата и развојот на сопственоста во фирмите надовестува дека граѓаните сè повеќе имаат потреба од  познавање на странски јазик за да работат ефективно дури и во нивните земји. Познавањето само на Англиски јазик веќе не е доволно.

Европа е богата со јазици - постојат повеќе од 200 европски јазици и многу повеќе зборувани и користени од граѓани кои потекнува од другите континенти. Ова е важен ресурс кој треба да се  користи и негува.

Учење на јазик носи бенефиции за млади и стари - никогаш не сте премногу стари за да научите странски јазик и да уживате  во можностите што ги отвора. Дури и ако знаете само неколку зборови на јазикот во земјата што ја посетувате (на пример на одмор), ова ви овозможува да создадете нови пријателства и контакти.

Учење на јазиците од другите народи  е начин кој ни помага подобро да се разбереме едни со други и да ги надминеме нашите културни разлики.

Цели

Јазични вештини се неопходност и право на секого - тоа е една од главните пораки на Европскиот Ден на Јазици.

Целокупните цели ја подигнуваат свеста за:

  • Богата разноликост на јазиците во Европа, која мора да се сочува и подобри;
  • Потребата да се прошири опсегот на јазиците што ги изучуваат луѓето (да изучуваат не толку глобално користени јазици), што резултира во плурилингуализам;
  • Потребата на луѓето да развијат одреден степен на познавање на два или повеќе јазици со цел да можат да ја одиграат својата целосна улога во демократско граѓанство во Европа.
... Комитетот на Министри одлучи да го објави Европскиот Ден на Јазиците да се празнува на 26 септември секоја година. Комитетот препорачува Денот да се организира децентрализирано на флексибилен начин во согласност со желбите и ресурсите на земјите-членки, кои на тој начин ќе им се овозможи подобро да ги дефинираат своите пристапи , и дека Советот на Европа би предложувал заедничка тема секоја година. Комитетот на Министри ја повикува Европската Унија да се приклучи на Советот на Европа во оваа иницијатива. Со надеж дека Денот ќе се одбележува во соработка со сите релевантни партнери.
Одлуката на Комитетот на Министри на Советот на Европа, Стразбур (776 состанок - 6 декември 2001)